text size
Активноста во градежната индустрија на еврозоната во октомври падна на најниско ниво во последните десет месeци. Податоците на Хамбуршката комерцијална банка, изработени во соработка со „Стандард енд Пурс глобал“ покажуваат дека индексот PMI минатиот месец се намалил на 42,7 споредено со 43,6 во септември. Овој резултат го означи најбрзиот пад на градежната активност од декември 2022 година.