text size
Македонската економија годинава ќе бележи раст од 1,9 отсто, а за следната година раст од три отсто. Народната банка го усвоен кварталниот извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции. Во однос на растот, и натаму се очекува умерено забавување во 2023 година и негово постепено засилување во следниот период. Сепак, во услови на малку понеповолно надворешно окружување, на краток рок, закрепнувањето на економијата е малку послабо од претходните очекувања.