text size
Управата за јавни приходи денеска објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на данок на личен доход. Оттаму информираа дека спровеле контроли кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало. Констатирале дека компаниите сакале да ги изиграат законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор и при тоа користеле фиктивни фактури за милионски суми.