Од полноќ бензините да се намалат за еден денар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ).
Новата цена на еуросупер БС-95 ќе биде 95,5 денари за литар, еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 98 денари за литар, а дизелот по цена од 96 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се продава по цена од 94,5 денари за литар. Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,374 ден/кг и ќе изнесува 52,840 ден/кг.
Прочитај повеќе
Цената на нафтата паѓа, економското забавување влијае на пазарот
Инвеститорите жонглираат со конкурентните изгледи за понудата и побарувачката
25.07.2022
Стравот од рецесија можен спас за ‚македонските дизелаши‘
Дизелот е на своевиден ролеркостер уште од почетокот на војната
23.07.2022
Нафтата се држи над 100 долари со слаби изгледи за намалување
WTI е стабилна откако во понеделникот се искачи за повеќе од 5 отсто.
19.07.2022
ИЕА: Русија заработи повеќе со помал извоз на нафта во јуни
Во јуни цената на Урал порасна за 10,7 отсто во однос на претходниот месец и во просек изнесуваше 87,25 долари за барел
13.07.2022
Од РКЕ објаснуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,050 проценти или за 11,100 долари по тон, кај дизелот намалување во просек за 1,596 проценти или за 17,650 долари по тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,569 проценти или за 16,950 долари по тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,311 проценти или за 7,800 долари по тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
„Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,4887 ден за долар и е за околу 0,383 проценти понизок од курсот на доларот (60,7213 ден за долар) по кој беа формирани цените со претходната пресметка. Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,89 проценти“, соопшти РКЕ.