text size
Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари-мај 2024 година, изнесува 3,24 милијарди евра и бележи пад од 8,8 проценти во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 4,64 милијарди евра евра, што е за еден процент повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-мај 2024 година, изнесува 1,39 милијарди евра.