„Секојдневно расте бројот на производите кои ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка. Досега се 713, а се очекува да има над 800 производи кои ќе добијат пониски цени за 10 проценти“, изјави во Прилеп заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој додаде дека на една недела пред примената на мерката се пријавени 63 компании.
„Оваа новогодишна кошничка е поразлична од другите зашто, прво, е креирана од бизнис секторот, производителите, увозниците, дистрибутерите и трговците на големо и мало. Интересот е многу голем и секојдневно се пријавуваат компании. Почетно беа околу 650 производи, сега бројката надминува 700, односно, досега се вклучени 713 производи или 63 компании кои учествуваат во оваа мерка“, изјави Ристески.
Тој очекува со оваа новогодишна кошничка да бидат опфатени над 800 производи.
Прочитај повеќе

Ем сметките растат ем масите полни: Кој троши во македонските меани?
Според податоците од ДЗС, во ноември годинава цените на угостителските услуги се зголемиле за шест отсто споредено со истиот месец лани.
05.12.2024

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми до еден процент
Мрежарината е намалена поради тоа што одредени компании имале повеќе остварен профит од тоа што е одобрено од РКЕ.
02.12.2024

Колку сме потрошиле во угостителските објекти лани?
Лани прометот бил за 10 милиони евра повисок од 2022 година
01.12.2024

Светскиот индекс на цените на храната е на највисоко ниво во последните 18 месеци
Неповолните временски услови ја зголемија загриженоста за производството за многу стоки и се закана дека трошоците ќе останат повисоки.
08.11.2024

Инфлацијата повторно се разгорува, потребни се нови мерки
Цените во октомври пораснале за 3,5 проценти на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
07.11.2024
Примената на мерката за новогодишната кошничка ќе почне на 15 декември и ќе трае до 15 јануари со сите производи кои му се потребни и ќе ги користи семејството за празниците, а опфатот се зголемува. До секој производ ќе стои назнаката „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, но и претходната и цената опфатена со намалувањето.
Граѓаните не им веруваат на трговците и сметаат дека тие манипулираат со цените. Ристески уверува дека инспекторатот на терен будно ќе ја следи примената на мерката.
„Мониторингот ќе го врши пазарната инспекција која ќе биде на терен во маркетите. Инаку, според Законот за заштита на потрошувачите, кога има одредени акции треба да биде земена најниската цена од претходниот месец, значи од 15 ноември до 15 декември и на таа цена да има најмалку 10 проценти намалување“, објаснува Ристески.
Министерството за економија и труд ги повикува и другите компании да се вклучат во мерката која стартува на 15 декември.