Македонија

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми до еден процент

Автор: Владимир Николоски

2 декември 2024, 14:08

На енергетски план Македонија ќе ја дели судбината со земјите од ЈИЕ

Берзанските цени во овој регион се повисоки

Разговор со Златко Черпналковски, директор за развој и стратегија во ЕДС

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми до еден процент

Depositphotos

Владимир Николоски

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија од 1 јануари се зголемува за 5,68 проценти, цената за дистрибуција на „Електродистрибуција“ се намалува за 5,52 проценти, а цената на операторот на пазарот на електрична енергија МЕМО се зголемува а 19,8 проценти.

Влијанието на цената на МЕПСО за пренос на електрична енергија врз крајната цена по која потрошувачите ги плаќаат сметките за струја е четири проценти, цената за дистрибуција влијае 33 проценти врз крајната цена, а цената на МЕМО влијае само 0,19 проценти. Вкупно трите ставки влијаат со 38 проценти врз крајната цена за потрошувачите.

„Делот од мрежарината кој го плаќаат домаќинствата и на најголем број од малите потрошувачи се намалува за седум проценти. Имајќи во предвид дека веќе ја знаеме и цената која ЕСМ ја понуди на тендерот на универзалниот снабдувач која изнесува 62 евра за мегават час и покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини, не очекувам дека ќе има поголемо покачување на цената на електричната енергија за домаќинствата од еден процент“, рече претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски на прес-конференција.

Тој додаде дека мрежарината е намалена поради тоа што одредени компании имале повеќе остварен профит од тоа што е одобрено од РКЕ, што овозможило да се дојде до ваква поволна ситуација. Во моментов, домаќинствата ја плаќаат мрежарината по 2,3 денари, а од 1 јануари таа ќе изнесува 2,14 денари по киловат час потрошена електрична енергија.

„По носењето на овие одлуки во текот на следните денови, ‚ЕВН Хоум‘ како универзален снабдувач до РКЕ ќе ги достави на контрола крајните цени за домаќинствата и за малите потрошувачи“, појасни Бислимоски.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Тој порача дека сега е најбитно обезбедување на ценовна стабилност пред се за домаќинствата, но и дека исто така во наредниот период треба да се обезбеди стабилизација на ЕСМ.

„Како регулатор иако немаме влијание на цените кои ги нуди ЕСМ на тендерите во наредниот период ќе се насочиме на секаков можен начин да помагаме да дојде до стабилизација на финансиската состојба во ЕСМ. Ќе преземаме мерки и ќе испраќаме сигнали до пазарот на електрична енергија да му обезбедиме на ЕСМ поголеми количини да ги продава на слободниот пазар во државата каде цените се далеку повисоки од тие што му ги нуди на универзалниот снабдувач, но при тоа и ЕСМ ќе треба да работи на зголемување на своето производство на електрична енергија“, рече Бислимоски.

Инаку, МЕПСО од РКЕ побара зголемување на цената за пренос на електрична енергија од 50,58 отсто, МЕМО за 78,58 отсто, а „Електродистрибуција“ поднесе податоци во кои не беа вклучени трошоците за покривање на загуби во дистрибутивната мрежа бидејќи не беше завршена постапката за набавка на електрична енергија за покривање на загубите.

„Блумберг Адрија“ веќе пишуваше дека од почетокот на ноември досега цените на природниот гас се зголемија за околу 20 отсто поради студеното време. Невообичаено ниските температури за ноември се закана за и така затегнатиот глобален пазар. Оптимизмот од пред извесно време веќе го нема, а полека се остварува песимистичкото сценарио. Имено, „Блумберг“ предупреди дека топлата зима лани придонесе европските складишта со гас да бидат полни пред крајниот рок, што влијаеше и на стабилноста на цената на енергентот.

                      

      

Златко Черепналковски, директор за развој и стратегија во ЕДС за „Блумберг Адрија“ ТВ вели дека на енергетски план, Македонија ќе ја дели истата судбина со земјите од Југоисточна Европа, заради влечењето на голема количина електрична енергија од страна на украинскиот систем. Според него, во незавидна позиција се сите земји од Југоисточна Европа, затоа што на некој неприроден начин берзанските цени во овој дел од регионот се повисоки отколку во остатокот од Европа. „Затоа Романија, Бугарија и Грција кои се членки на ЕУ побараа финансиска помош, но дури и да ја добијат оние држави кои не се членки на ЕУ, а тоа се земјите од Западен Балкан, не верувам дека ќе има начин да се ублажи таа ценовна криза. Само се надеваме дека цената нема да експолодира како летото во 2022 година“.

Тој посочува дека од технички аспект регионот е добро поврзан со интереконективни далноводи, капацитетите се доволни да можат сите држави да разменуваат енергија во обем што им е потребен. „Она што ќе се случи на пазарно ниво е проект на Американската агенција за меѓународен развој, а тоа е пазарно поврзување на Грција, Македонија, Косово и Албанија, кои ќе бидат споени во еден пазар, додава Черпеналковски.

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Пишман аџија или хардкор бизнисмен – пет вести на денот
Билтен

Пишман аџија или хардкор бизнисмен – пет вести на денот

Европските акции се отворија нагло повисоко, следејќи го релито на Волстрит доцна во средата, откако претседателот Доналд Трамп го паузираше најголемиот дел од неговите огромни зголемувања на царините.

пред 9 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите