text size
Високите цени на струјата силно ги погодија домашните компании, кои летоска или во третиот квартал од годината плаќаа и по 800 евра за еден мегават-час. Ситуацијата не беше поволна и за државата, која ѝ помагаше на државната компанија за производство на струја АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) и со пари од буџетот ја оспособуваше нејзината работа. Компанијата, која беше една од најпрофитабилните компании низ годините претходно, во 2021 година беше загубар, со минус од над 28 милиони евра. Но како одработи лани, во 2022 година, која беше една од најпредизвикувачките економски години и година на силна енергетска криза? „Блумберг Адрија“ ги анализира финансиските резултати на енергетските компании во државна сопственост во третиот квартал лани, за кога има последни достапни податоци. Дали високите цени завршија работа, па од загубар ЕСМ ќе ја заврши годината во мал плус?