Владата го либерализира производството на струја од домаќинствата и компаниите - ќе се зголеми прагот за електраните на домаќинствата или потрошувачите-производители на 10 kW и истовремено ќе се скрати рокот за издавање на дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. Оттаму објаснуваат дека рокот од еден месец ќе се однесува на постапката за издавање дозвола за поставување соларна опрема со капацитет до 100 kW, како и за потрошувач-производител на обновлива енергија и за заедници на обновлива енергија.
„Со измените потрошувачите-производители добија повисоки прагови за своите електрани и тоа за домаќинствата лимитот е до 10 kW, а компаниите – 70 kW“, наведуваат од ресорното министерство.
Пад на добивката кај повеќето банки од берзата: Како им оди на другите сектори?
Пет од вкупно седум банки што котираат на Македонската берза забележаа намалување на добивката во првото полугодие од годинава во споредба со истиот период минатата година. Единствени две банки што забележаа зголемување на добивката во овој период се „УНИ банка“ (+29,56 проценти) и „Комерцијална банка“ (+4,29 проценти), а убедливо најголемо намалување на добивката имаат „Централна кооперативна банка“ (-55,26 проценти) и „Стопанска банка“ АД Битола (-34,08 проценти). Ваквите резултати се своевиден пресврт ако се земе предвид дека во изминативе неколку години повеќето банки имаа забрзан раст на добивката. Читајте ја целата анализа на овој линк.
Што ќе се случува со цената на златото и на биткоинот
Биткоинот и златото често се третираат како чувари на вредноста. Биткоинот претставува ново дигитално средство, старо само околу 15 години, додека златото се користи и чува со векови.
Годинава златото и биткоинот зајакнаа приближно за 25 отсто. Моментално златото се тргува по цена од 3.350 долари за унца (31,15 грам), што е нешто повеќе од четири отсто под рекордната цена од 3.500 долари за унца, достигната во април годинава. И биткоинот се движи нешто под својот рекорд – моментално се тргува по околу 115.000 долари, што е осум илјади долари или 6,5 отсто под рекордот од 123.000 долари, достигнат кон средината на јули годинава. Анализираме што ја поттикнува нивната цена и кои се можните сценарија.
Германските фабрички нарачки неочекувано се намалија втор месец по ред
Нарачките на германските фабрики во јуни неочекувано се намалија втор месец по ред. Тоа беше период кога резултатите од трговскиот договор меѓу Европа и САД сè уште беа далеку од јасни.
Според податоците од германскиот Завод за статистика, новите бизнис-договори паднаа за еден отсто во однос на мај, што е многу послаб резултат во споредба со процената за зголемување од 1,1 отсто.
Неутралноста не им помогна на Швајцарците во трговската војна со царините
Алпската земја со девет милиони жители на тежок начин дозна дека САД не се таму за да помогнат. По Европската Унија, сега е ред на Швајцарија да жали за понижувачката капитулација пред администрацијата на Трамп. Политичарите и компаниите се шокирани од новата царина од 39 отсто, далеку над 15 отсто што ги доби ЕУ, што би можело да ја чини Швајцарија еден отсто од бдп.
Интервју со Манчевски: Зошто „Збогум, Копакабано“ крена прашина уште пред да биде снимен?
„Збогум, Копакабано“ е социјална трилер-комедија за брат и сестра што крадат бисти низ Скопје. За насловот, Манчевски вели дека бразилската плажа Копакабана буди чувство на нешто лесно и разиграно, музика, фудбал, чувство што го има и во филмот. Освен Македонија, во реализацијата на филмот се вклучени Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Велика Британија, со пари од државни фондови и приватни инвеститори.
Иако доби поддршка од над 450.000 евра на конкурсот на Агенцијата за филм во 2022 година како проект од национален интерес, филмот речиси три години беше блокиран, а во интервју за „Блумберг Адрија“ најтрофејниот македонски режисер отворено зборува и на оваа тема.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...