Граѓаните се повеќе го користат приватното здравство и затоа се повеќе користат и доброволно приватно здравствено осигурување. Ваквиот тип на осигурување е најпродаван продукт на осигурителните компании во земјава во последниот период, вели во разговор за Блумберг Адриа, Климе Попоски, од ВИНЕР осигурување.
Тој вели дека и осигурителниот бизнис е погоден од глобалната криза. Инфлацијата влијае кај животното осигурување. Природните непогоди се вистински предизвик за земјоделското осигурување.
„Најголем предизвик е автоодговорноста. Инфлацијата врши силен притисок кај моторното осигурување затоа што цените на резервните делови растат“, вели Попоски.
Целиот разговор погледнете го во видеото.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...