text size
Откако вчера беше исклучена струјата во неколку подружници, дознаваме дека денеска од утрово со истиот проблем се соочувала и главната дирекција на АД Водостопанство. Според нашите информации, во последен момент пред исклучувањето, се обезбедиле пари за да се плати долгот. Долговите за струја се само една голема ставка од сите долгови на ова државно претпријатие за чии проблеми веќе пишувавме. Над 600 вработени таму веќе трет месец се без плата. Дзнаваме дека и во ваква тешка ситуација се реализираат нови вработувања. Се ангажирале и шест советници од кои двајца дури биле пензионери па се склучувале договори на дело. Кога пишувавме за проблемите на АД Водостопанство минатата недела, се обративме во Владата под чија надлежност е ова претпријатие и каде таа е единствен акционер со барање да ни се одговори што ќе преземе за решавање на ситуацијата и краткорочно, ама и на долг рок. На повеќето прашања следуваше овој одговор.