Економски раст од 3,8 отсто, инфлација од 2,5 отсто и буџетски дефицит од 3,5 отсто планира Владата со предлог-буџетот за следната година
Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска соопшти дека вкупните приходи се проектирани на 374,7 милијарди денари (6,1 милијарди евра), а вкупните расходи на 413,9 милијарди денари (6,7 милијарди евра).
Дефицитот ќе изнесува 39,2 милијарди денари (637 милиони евра) што е за 0,5 п.п. помалку од оваа година. Капиталните инвестиции се планирани на пониско ниво од годинава – на 40,5 милијарди денари (650 милиони евра).
Прочитај повеќе
Следната година ќе биде предизвикувачка: Ќе преживее ли автомобилскиот сектор во Македонија?
Следната година ќе биде вистински предизвик за македонските компании од автомобилската индустрија. Извори од секторот за „Блумберг Адрија“ велат дека сите опции се во игра, па дури и намалување на бројот на работници.
27.10.2025
Како до повисок раст во земјава: Структурни реформи наместо буџетска експанзија
Социјалните трансфери се фиксен трошок, кој јаде половина од вкупните расходи.
02.10.2025
Може ли Македонија да издвои пет отсто од БДП за одбрана?
Колку е изводлива целта што ја наметна американскиот претседател Трамп за издвојување 5 отсто од БДП за одбрана?
29.09.2025
На ПИОМ ќе му требаат над 211 милиони евра повеќе пари во 2026 година
Поголемиот буџет е потребен за новите зголемувања на пензиите.
02.09.2025
Долг од 60 отсто од БДП - невозможна мисија? Глобалните ризици ни го отежнуваат патот
Новата еврообврзница ќе биде скапа.
19.08.2025
Линеарното зголемување на пензиите може да поттикне судски постапки
Трансферите кон ПИОМ се зголемени за 15,9 отсто на годишно ниво.
05.08.2025
„Капиталните проекти треба да бидат главен двигател на економскиот раст до година, а позитивен раст се очекува и од приватните инвестиции со уште позабрзано темпо имајќи го предвид интересот за поволната кредитна линија за компаниите, како и приватната потрошувачка поддржана од растот на платите и пензиите“, рече Димитриеска - Кочоска.
Според министерката, за исплата на плати проектирани се 7 отсто повеќе пари, а за пензии 9,7 отсто повеќе од годинава. Таа рече дека во март пензионерите ќе го добијат најавеното зголемување на пензиите за 1.000 денари, а растот ќе продолжи и подоцна во годината, но дали тоа ќе биде согласно законската формула или линеарно како досега, ќе одлучи владата.
Дефицитот во буџетот ќе се финансира во комбинација од домашно и странско задолжување. Најголем предизвик е исплатата на еврообврзницата од 700 милиони евра која доспева на почетокот на следната година. Во 2026 година доспеваат и уште 200 милиони евра долгови кон странство. Обврските ќе се сервисираат со нова еврообврзница од 950 милиони евра, а се планира и задолжување од околу 350 милиони евра кон странски и 400 милиони евра кон домашни банки.
Министерката нагласи дека Предлог буџетот за 2026 година ги опфаќа сите клучни политики што ќе се спроведуваат во наредниот период, со јасна цел – забрзување на економскиот раст, паралелно со постепена фискална консолидација.
Фискалната политика за 2026 година, потенцираше, ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност.
„Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства. Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг“, рече министерката за финансии.