text size
Особено е важно младите навремено да се информираат за правата, обврските и придобивките на членовите на задолжителните и доброволните пензиски фондови, веднаш по започнувањето на работниот однос, потенцираат од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) по повод Неделата на пензиската свесност, која оваа година е од 7 до 15 септември.