text size
Во две блок-трансакции со вкупна вредност од 14,7 милиони денари или околу 240.000 евра минатата недела на Македонската берза беа продадени 1.300 акции од „Комерцијална банка“. Во првата блок-трансакција вредна околу 2,2 милиони денари се продадоа 200 акции по цена од 11.400 денари за акција. Во втората блок-трансакција вредна 12,4 милиони денари се продадоа 1.100 акции по цена од 11.350 денари за акција.