text size
Претседателот на САД Доналд Трамп навести дека би можел да му дозволи на некој кинески производител на автомобили да произведува електрични возила во САД, под услов да ги произведуваат американски работници. Истовремено порача дека ќе ја задржи де факто забраната за увоз на автомобили од Кина во САД.
Трамп во интервју за „Фокс“ (Fox News) ја отфрли можноста да дозволи увоз на кинески автомобили во САД. „Не ги дозволуваме нивните автомобили на пазарот во САД и никогаш не сме ги дозволувале“, рече Трамп, мислејќи на кинескиот претседател Шји Џјинпинг. Додаде дека во спротивно американскиот автомобилски пазар би бил преплавен со кинески возила.
„Ако Кина сака да дојде овде и да отвори фабрика за производство на своите автомобили, мене тоа би ми било во ред - Јапонија го прави тоа, но тие вработуваат наши луѓе“, рече Трамп, „Најважно е да вработуваат наши луѓе, да ја користат нашата работна сила.“
Прочитај повеќе
Го возевме „фортинг Т5 ево“: „Ламборгини“ за македонски џеб
Агресивни линии на каросеријата, тенки дневни светла и огромна предна маска. Многумина би помислиле дека е „ламборгини урус“. Но не е...
15.07.2026
„Порше“, „Ауди“, БМВ ја губат трката во Кина - домашните брендови ја менуваат играта
Електрификацијата и подемот на кинеските брендови ги менуваат правилата на игра, доведувајќи ја во прашање иднината на некогаш престижните ореолски модели.
07.07.2026
Секој десетти автомобил купен во Европа во мај бил од Кина
Кинеските автомобили учествуваа со повеќе од 10 проценти во вкупната продажба во Европа за прв пат минатиот месец, бидејќи купувачите се насочуваат кон модели што нудат подобра опрема за помалку пари.
26.06.2026
Кинеските електрични автомобили создаваат завист кај Американците
Кинеските брендови ги освојуваат американските потрошувачи на социјалните мрежи, поткопувајќи ги напорите на САД да ги држат подалеку од нивниот пазар.
13.06.2026
„Она што не го сакам е тие да ги произведуваат во Мексико, знаете, евтино, а потоа да ги испраќаат преку границата“, рече тој. „Тоа нема да се случи.“
Евтините кинески електрични автомобили, добро технолошки опремени, кои ги произведуваат компании како БЈД (BYD) и „Џили“ (Geely Automobile), забрзано остваруваат сè поголем удел на глобалниот пазар. Нивните автомобили сè повеќе се присутни и во Канада и Мексико, што дополнително ги засилува стравувањата на американските производители на автомобили дека кинеските компании наскоро би можеле да се обидат да се пробијат и на американскиот пазар.
Кинеските возила во моментов практично се исклучени од американскиот пазар поради високите царини, како и забраната на Министерството за трговија, воведена од причини на национална безбедност, која се однесува на возила со системи поврзани со интернет, други уреди или надворешни мрежи, од земји што САД ги сметаат за противници, вклучително и Кина.
Коментарите на Трамп уследија неколку недели пред планираниот состанок со Шји во Вашингтон, иако слични ставови изнесувал и порано.
Тој во јануари, обраќајќи се пред Економскиот клуб на Детроит, во срцето на американската автомобилска индустрија, навести дека би бил отворен за можноста кинеските производители на автомобили да произведуваат возила во САД. „Нека дојде Кина“, рече тогаш.
Директорот на „Форд“ (Ford), Џим Фарли, и членови на администрацијата на Трамп претходно оваа година неформално разговарале за тоа како би можела да изгледа рамката што би им овозможила на кинеските производители производство на автомобили во САД, со одредена заштита на домашните компании. Според извори запознаени со разговорите, тогаш не биле донесени никакви одлуки.
Сенаторката од Мичиген, Елиса Слоткин, демократка од сојузната држава во која се наоѓаат седиштата на „Форд“ во Дирборн и на „Џенерал Моторс“ во Детроит, на почетокот на оваа недела рече дека на кинеските автомобили воопшто не треба да им се дозволи влез на американскиот пазар.
„Слушаме гласини дека Трамп планира да дозволи продажба на кинески автомобили во САД, како дел од поширок договор што го подготвува“, рече Слоткин и додаде дека тоа би била „стратешка грешка“ која неповратно би влијаела не само врз американската автомобилска индустрија туку и врз вкупните производствени капацитети на САД, загрозувајќи ги работните места.
Трамп за „Фокс“ рече дека тврдењата дека би дозволил увоз на кинески автомобили се лажни гласини и додаде дека тој е единствениот што ги спречува да влезат на американскиот пазар.
Слоткин и републиканскиот сенатор од Охајо, Берни Морено, кој пред влегувањето во политиката поседувал салони за автомобили во околината на Кливленд, предложија закон со кој би се забраниле таканаречените поврзани возила, софтвер и хардвер кои се поврзани со држави што САД ги сметаат за противници, вклучително и Кина.
Широко формулираниот предлог-закон, кој го поддржуваат „Форд“, „Џенерал Моторс“ и синдикатот ЈАВ (United Auto Workers), би забранил продажба на поврзани возила од производители во кои кинеските компании имаат повеќе од 15 отсто сопствеништво. Меѓутоа, првичната верзија на законот предизвика загриженост дека ненамерно би можела да опфати и други странски производители на автомобили, како „Мерцедес“, во кој кинеските инвеститори имаат речиси 20 отсто сопствеништво.