text size
Хипотекарните каматни стапки во Соединетите Американски Држави (САД) се искачија на највисоко ниво во последните 16 години и сега во просек изнесуваат 6,75 отсто. Тоа претставува раст од седма последователна недела, што поттикнува најлош пад на барањата за станбени кредити откако почна пандемијата.