text size
Се проценува дека економијата на Саудиска Арабија пораснала за 8,6 отсто во третото тримесечје годинава во однос на истиот период лани. Главната причина за таквиот раст е нафтениот сектор.
Имено, нафтената индустрија во Саудиска Арабија порасна за 5,6 отсто споредено со минатата година, додека нафтената економија забележува раст од дури 14,5 проценти, покажуваат најновите пресметки на статистичкото биро на кралството.
Со тоа, Саудиска Арабија е на пат да стане најбрзорастечката голема економија оваа година.