Кина официјално поднесе жалба до Светската трговска организација (СТО) поради одлуката на Европската Унија (ЕУ) да воведе високи царини за кинеските електрични возила.
Кина го претстави случајот пред механизмот за решавање спорови на СТО во петокот, се наведува во соопштението на Министерството за трговија. Ова е направено за да се заштитат развојните права и интереси на индустријата за електрични возила, се додава во извештајот.
„Пресудата во привремениот заклучок на ЕУ нема фактичка и правна основа. Таа сериозно ги прекрши правилата на СТО и ја поткопа глобалната соработка во справувањето со климатските промени“, рече портпаролот на Министерството. „Ја повикуваме ЕУ веднаш да ги исправи своите грешки и заеднички да ја заштитиме економската и трговската соработка меѓу Кина и ЕУ, како и стабилноста на синџирот за снабдување со електрични возила“, додаде портпаролот.
Прочитај повеќе

Кинескиот БЈД ќе обезбеди 100.000 електрични возила за сервисот „Убер“
Kинескиот производител ќе обезбеди 100.000 електрични возила за познатата платформа за превоз на патници.
31.07.2024

Рекорден удел на Кина во продажбата на е-возила пред воведувањето на санкции од ЕУ
Кинеските брендови зазедоа 11 отсто од европскиот пазар на електрични автомобили во јуни.
30.07.2024

Кина започна истрага за трговските бариери од ЕУ
Кина истражува дали неодамнешните царини и потези на Европската унија (ЕУ) претставуваат бариера за слободната трговија.
10.07.2024

Германија сака ЕУ да ги ублажи царините за кинески електрични возила
Германската влада се обидува да го спречи стапувањето на сила на новите царини на Европската унија за кинеските електрични возила.
14.06.2024
Односите на Пекинг со ЕУ паднаа на најниско ниво во последните месеци, бидејќи блокот ја приближува својата политика кон Кина поблиску до онаа што ја водат САД. Минатиот месец ЕУ воведе привремени царини од дури 37,6 отсто за увоз на некои автомобили од Кина, по повеќемесечната истрага за кинеската државна помош за производителите на електрични возила.
Овој потег наиде на брза осуда од Пекинг. Кина веќе се закани со одмазда против европските земјоделци и производители на авиони и започна антидампинг истрага против француската индустрија за алкохолни пијалаци.