Претседателот Доналд Трамп рече дека е отворен за преговори со кои би се намалиле царините што планира да ги спроведе за земјите во текот на следната недела, но дека не очекува договори пред нивното стапување во сила на 2 април.
„Секако дека сум отворен за тоа, ако можеме да направиме нешто, можеме да добиеме нешто за тоа“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс 1“ (Air Force One).
Но, Трамп предупреди дека каков било договор ќе се случи „веројатно откако“ ќе воведе царини и рече дека иако е подготвен за склучување договори, тој верува дека САД биле „искористувани 40 години, можеби и повеќе“.
Прочитај повеќе

ЕУ планира отстапки за Трамп за да го ублажи ударот од американските царини
САД не го наведоа нивото на царини што ќе го применуваат за ЕУ, но официјалните претставници во блокот очекуваат стапката да биде меѓу 10 и 25 проценти.
28.03.2025

Закрепнувањето на Германија е загрозено од претстојните царини за автомобилите
Според „Блумберг економикс“, одлуката на Трамп да воведе царини од 25 проценти на целиот увоз на автомобили во САД го загрозува закрепнувањето на Германија од долгогодишната стагнација.
28.03.2025

Трамп се закани со нови царини за ЕУ и Канада ако се здружат против САД
Американскиот претседател се закани дека големи царини, „многу поголеми од планираните“, ќе бидат воведени кон овие земји при развој на такво сценарио.
27.03.2025

Меѓу многуте губитници, Илон Маск е победник во војната со царините за возилата
Планираните царини на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на автомобили ќе им наштетат на автопроизводителите во светот и ќе ги зголемат цените за американските потрошувачи.
27.03.2025
Се очекува претседателот во среда да ја претстави својата програма за реципрочни царини, за кои рече дека ќе вклучуваат агресивни давачки наменети за изедначување на трговските бариери и враќање на производството назад во САД. Но, останува мистерија како владата ќе ги одреди царинските стапки.
Трамп во петокот рече дека „наскоро“ ќе ги објави фармацевтските царини, но го отфрли прашањето дали лековите што спасуваат живот ќе бидат ослободени и колкава ќе биде стапката на тие давачки.
„Тоа ќе биде одредена бројка што ќе биде доволна за да ги натераме фармацевтските компании да го донесат своето производство на лекови во нашата земја. Никогаш не сакаме да се потпреме на други земји за тоа, како што направивме за време на ковид“, рече Трамп.