Претседателот Доналд Трамп е на пат да го ублажи влијанието на неговите царини за автомобилите и поважните автомобилски делови, а индустријата бара промени со кои би се укинале некои давачки за странските делови за автомобили и камиони произведени во САД.
Увезените автомобили исто така ќе добијат олеснување од посебните царини за алуминиум и челик, во обид да се спречи натрупување повеќекратни давачки на еден финален производ, изјави вчера функционер од Белата куќа.
„Овој договор е голема победа за трговската политика на претседателот, со тоа што ќе ги наградува компаниите што произведуваат во земјата, а наедно ќе им обезбеди пристап на производителите што ја изразија својата посветеност да инвестираат во Америка и да го прошират своето тамошно производство“, наведе министерот за трговија Хауард Лутник во изјава испратена по електронска пошта.
Прочитај повеќе

Може ли американските царини да ги поевтинат автомобилите во ЕУ?
Долгорочно, поради помалата побарувачка во САД, производителите на автомобили ќе се обидат да ја зајакнат својата позиција на другите пазари, сметаат економистите.
17.04.2025

Пауза или не, олдтајмерите секако го избегнаа Трамп
Винтиџ автомобилите постари од 25 години нема да подлежат на царината на Трамп од 25 отсто, на олеснување на колекционерите и дилерите низ светот. Останува во сила скромната давачка од 2,5 отсто.
10.04.2025

Потонаа акциите од автомобилскиот сектор - каде се можностите?
Во Европа само акцијата на „Ферари“ е во зелено. Најдобар раст во последната година оствари БЈД.
04.04.2025

ЕУ казни дел од автомобилските гиганти со 458 милиони евра за картелско здружување
Истрагата на ЕУ откри дека 16 големи производители на автомобили, како и Европската асоцијација на производители на автомобили, пред повеќе од 15 години склучиле договори против пазарната конкуренција.
02.04.2025
Очекуваната промена, за која претходно извести „Волстрит журнал“ (Wall Street Journal), доаѓа во време кога Трамп се подготвува да патува во Мичиген, срцето на американската автомобилска индустрија, за да ги одбележи првите сто дена од неговиот втор мандат во Белата куќа.
Указот што ќе овозможи такви промени може да биде потпишан уште денеска, рече функционерот, пред планираниот говор на Трамп во округот Макомб, центар за производство на автомобили и бастион на работниците со сина јака, за кој Трамп вели дека неговите царини се наменети да му помогнат на центарот.
Оваа промена исто така би претставувала најнова еволуција во постојано променливата трговска стратегија на Трамп, откако претходно тој ги наметна, па одлучи да ги стави на пауза повисоките царини за десетици трговски партнери за да овозможи време за преговори.
Очекуваните промени доаѓаат непосредно пред царините од 25 проценти за странски автоделови, кои треба да стапат во сила на 3 мај. Според планираните промени, производителите на автомобили би можеле да обезбедат делумно враќање на царините за увезени автоделови, врз основа на вредноста на нивното производство на автомобили во САД, укажува функционерот.
Обемот на тие надоместоци би се намалил со текот на времето со постепено укинување, со цел да се поттикнат производителите на автомобили да префрлат поголем дел од својот синџир на снабдување во САД, а истовремено да им се даде време да се приспособат.
Со друг потег, пак, Трамп е подготвен да осигури дека увезените автомобили нема да бидат двојно тарифирани со тоа што ќе плаќаат и други давачки за челик и алуминиум.
Производителите на автомобили, трговците и доставувачите на делови побараа олеснувања, предупредувајќи дека царините на Трамп ризикуваат да го нарушат тесно поврзаниот синџир на снабдување во Северна Америка.
„’Форд’ ги поздравува и цени овие одлуки на претседателот Трамп, кои ќе помогнат да се ублажи влијанието на царините врз производителите на автомобили, доставувачите и потрошувачите. Ќе продолжиме тесно да соработуваме со администрацијата во поддршка на визијата на претседателот за здрава и растечка автомобилска индустрија во Америка“, изјави главниот извршен директор на „Форд мотор“ (Ford Motor Co.), Џим Фарли.
Мери Бара, извршна директорка на „Џенерал моторс“ (General Motorsa Co.), изјави: „Веруваме дека раководството на претседателот помага да се изедначат условите за компании како ‘Џенерал моторс’ и ни овозможува да инвестираме уште повеќе во американската економија“.
Индустриските групи во писмо до администрацијата минатата недела наведоа дека царините за увезените автоделови би можеле да ги зголемат трошоците за американските производствени капацитети, загрозувајќи ги напорите за ревитализација на домашното производство на автомобили.
Трамп претходно сигнализира дека ја разбира загриженоста на автомобилските компании, кажувајќи им на новинарите дека производителите на автомобили што користат делови од Канада, Мексико и други земји „имаат потреба од малку време, бидејќи ќе се фокусираат да ги произведуваат тука“.