text size
Најголемите светски технолошки компании најавуваат дека ќе трошат помалку, што е новина за индустријата што досега напредуваше со бенефиции и нови кадри. Уште минатата година, на пример, „Мета“ (Meta) ја прекина услугата за перење алишта за персоналот, додека „Гугл“ (Google) вклучи повеќе од 30 терапевти за масажа во првиот голем круг на отпуштања од јануари годинава.