text size
Цените на целулозната каша односно дрвната пулпа (од англиски: pulp), која е главна суровина за производство на хартија се на рекордно ниво (BHKP Europe 1.500 USD/t, NBSK Europe 1.680 USD/t) поради посилната побарувачка од Кина во однос на очекувањата за почетокот на 2024 година (која сочинува 40 проценти од светската побарувачка) како и зголемената побарувачка од Европа. Дополнително, штрајкот во Финска (една од најголемите производители на дрво и целулозна каша) и поплавите во Јужна Америка ги притиснаа производителите значително да ги зголемат цените на оваа суровина. Цената на целолозната каша од типот НБСК (Northern Bleached Softwood Kraft - NBSK) во Европа е зголемена за приближно 30 проценти од почетокот на годинава до денес, додека цената на целулозната каша од типот БХПК (Bleached Hardwood Kraft Pulp - BHKP) истовремено е зголемена за 40 проценти. Сепак, во остатокот од годината се очекува пад на цените поради новите дополнителни производствени капацитети и падот на побарувачката од Кина.