Општо

Просечен жител на Земјата ќе вреди 100.000 долари до 2024

Извор: Yoojung Lee/Bloomberg

21. Септември 2022, 13:54

До 2026 година, ќе има повеќе од 87,5 милиони луѓе со богатство од најмалку милион долари

Бројката ќе расте побрзо во економиите во развој

Просечен возрасен човек во светот ќе вреди 100.000 долари до 2024 година

Просечен жител на Земјата ќе вреди 100.000 долари до 2024

Bloomberg

Бројот на милионери на глобално ниво ќе се зголеми за 40 отсто во следните пет години и покрај зголемувањето на каматните стапки и руската војна во Украина кои годинава ги потопија класите на имот и приватното богатство.

До 2026 година, ќе има повеќе од 87,5 милиони луѓе со богатство од најмалку милион долари, што е пораст од 62,5 милиони во 2021, според извештајот за глобално богатство на „Кредит Свис“ (Credit Suisse Group AG) за 2022 година. Бројот ќе се зголемува побрзо во економиите во развој, а Кина речиси ќе го удвои своето милионерско население, покажуваат прогнозите.

Бројот на милионери значително ќе се зголеми во следните пет години / Bloomberg
 

Додека 500-те најбогати луѓе во светот изгубија кумулативно богатство од 1,4 илјади милијарди долари во првата половина од годината, Credit Suisse гледа брзо закрепнување, особено на пазарите во развој. Швајцарската банка очекува Кина да продолжи да генерира огромно богатство иако нејзината економија покажува знаци на забавување поради пандемијата на Ковид-19 и пукнатините низ секторите, вклучително и технологијата и недвижностите.

„И покрај инфлацијата и руско-украинската војна, веруваме дека вкупното глобално богатство ќе продолжи да расте“, се вели во извештајот. „Очекуваме богатството на домаќинствата во Кина да продолжи да се израмнува со САД, напредувајќи еквивалентно на 14 американски години меѓу 2021 и 2026 година“.

Credit Suisse предвидува дека приватното богатство ќе порасне за 36 отсто до 169 илјади милијарди долари до 2026 година, а износот по возрасен ќе порасне за 28 отсто на глобално ниво и ќе надмине 100.000 долари во 2024 година. Бројот на поединци со ултра висока нето вредност, оние со над 50 милиони долари, ќе достигне 385.000.

Пазарите во развој се тешко погодени од пандемијата Ковид-19, а растот на богатството е забавен. Но, минатата година го повратија интензитетот и Credit Suisse очекува да го намалат јазот со развиениот свет во следните пет години. Богатството ќе расте за 10 отсто годишно во економиите во развој, во споредба со растот од 4,2 отсто во земјите со високи приходи.

Бројот на милионери ќе се удвои во некои земји / Bloomberg
 

Во 2021 година, глобалното богатство порасна за 9,8 отсто (на 463 илјади милијарди долари), во споредба со 2020 година, забележувајќи многу повисока стапка од онаа забележана на почетокот на векот. Најбогатиот еден процент од светската популација поседувал 46 отсто од вкупното богатство на домаќинствата, додека најбогатите десет отсто од возрасните поседувале 82 отсто од глобалното богатство. САД имаат најголем број поединци со ултра висока нето вредност, повеќе од 140.000, а потоа следи Кина со 32.710.

„Постои стеснување на јазот меѓу богатите и помалку богатите земји, особено бидејќи земјите со низок и среден приход растат со побрзо темпо“, вели Ентони Шорокс, економист на Credit Suisse и автор на извештајот.

 

 

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 3 часа

Сите новости од рубриката Останато

Останато

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра
Општо

Зекири се товари дека го оштетил буџетот за околу 1,5 милиони евра

Зекири се товари дека спротивно на Законот и без спроведена постапка за јавна набавка склучил два договора за консултантски услуги за Пошта и Железници Транспорт вредни скоро 1,5 милиони евра.

пред 3 часа

сите новости од рубриката Останато