Политика

Ќе предизвика ли Тајван нова глобална криза?

Извор: Cindy Wang, Debby Wu/Bloomberg

02. Август 2022, 09:28

Ненси Пелоси наводно ќе слета во Тајван во вторник навечер

Кина не се воздржува од јасни закани за решителен одговор

Конфликтот би предизвикал нови превирања на глобалните пазари, велат аналитичарите

Ќе предизвика ли Тајван нова глобална криза?

Bloomberg

Претседателката на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, треба да слета во Тајван во вторник во 22:20 часот по локално време, но засега е неизвесно каква реакција може да има Пекинг и какви последици може да предизвика ваквата посета на глобално ниво.

Посетата на Пелоси ќе биде прва посета на висок американски политичар на островот во последните 25 години.

Министерството за надворешни работи на Тајван одби да ја коментира посетата.

„Тајван секогаш ги пречекува меѓународните гости кои сакаат да покажат поддршка и подобро да го разберат Тајван“, посочи портпаролката на Министерството.

Кина, која го смета Тајван за своја територија, најави воена реакција во случај на посета на Пелоси, но не прецизираше каква. Ваквиот развој на настаните би довел до сериозна криза во односите меѓу двете најголеми светски економии.

Bloomberg Mercury
 

Кинескиот претседател Си Џинпинг минатата недела во разговор со американскиот претседател Џо Бајден рече дека Кина „одлучно ќе ги брани суверенитетот и територијалниот интегритет, а кој си игра со оган ќе изгори“.

Нема индикации дека Кина можеби планира инвазија на Тајван, но напади на кинески воени авиони во близина на островот често се случуваа за време на претходните посети на странски претставници на Тајван.

Тајван, кој има 23 милиони жители, вели дека неговата војска е подготвена да го брани островот.

Посетата на Пелоси на Тајван секако има важност во контекст на изборите за американскиот Конгрес во ноември, бидејќи секоја демонстрација на слабост на актуелната администрација во односите со Кина им оди во прилог на републиканците.

Тоа, исто така, врши нов притисок врз инвеститорите кои веќе се соочуваат со можност за рецесија, зголемување на каматните стапки и инфлација ширум светот. Аналитичарите предупредуваат дека конфликтот меѓу двете најголеми светски економии секако ќе предизвика нов неред на глобалните пазари.

Сите новости од рубриката Останато

Останато

сите новости од рубриката Останато