text size
Пазарите во регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ) со години се опишуваат како пазари со потенцијал: привлечни и ветувачки, но како секогаш да чекаат на следната фаза од развојот. Регионот е привлечен и во последниве години приносите ги надминаа големите западноевропски пазари, а некои, како романскиот пазар, дури и американскиот пазар, укажа Михаел Блажековиќ, главен аналитичар на „Блумберг Адрија“ зборувајќи на тема „Компаративен поглед на регионалните пазари на капитал“ во рамките на јубилејната 25 годишна конференција на Македонската берза што денес и утре се одржува во Охрид.