text size
Пандемија од ковид-19, војни, енергетска криза, рекордна инфлација, крипто-еуфорија, технолошки бум предизвикан од вештачката интелигенција, трговски превирања од новата царинска политика на САД ... Ова се само дел од случувањата коишто во изминативе неколку години ја тресеа глобалната економија, а на пазарите на капитал предизвикаа значителни промени во вредноста на различни инвестициски инструменти. Всушност, светот денес се менува со невидена брзина поради што нестабилноста на пазарите можеби никогаш не била поголема.