Крипто

Криптовалутите 'покосени' од строгата монетарна политика на ФЕД

Извор: Sunil Jagtiani/Bloomberg

22. Септември 2022, 15:54

Биткоинот падна за четири отсто и се приближи до границата од 18.000 долари

Етер изгуби седум проценти од својата вредност

Индексот на релативна сила (RSI) сугерира дека е можно враќање на биткоинот

Криптовалутите 'покосени' од строгата монетарна политика на ФЕД

Depositphotos

Криптовалутите денеска се најдоа под притисок откако Федералните резерви на САД повторно остро ги зголемија каматните стапки и предупредија на претстојната економска болка од агресивното монетарно затегнување.

Биткоинот, најголемата криптовалута по пазарна капитализација, падна за цели четири отсто и опасно се приближи до пад под 18.000 долари, блиску до нивоата последен пат забележани во 2020 година. Вториот по големина токен, етер, продолжи со слабите перформанси, губејќи до 7,2 отсто, според Bloomberg.

XBTEUR:CUR

XBT-EUR Cross Rate

19.269,87 EUR

+42,51 +0,22%

почетна цена

19.227,36

претходна цена на затворање

19.227,36

промена од почетокот на годината

-52,3145%

дневен опсег

18.489,89 - 19.528,77

опсег на 52 недели

17.802,47 - 59.612,94

Решеноста на ФЕД да ги подигне каматните стапки до нивоа што ја потиснуваат инфлацијата, предизвика студ на глобалните пазари. Дојде до продлабочување на инверзијата кај кривата на принос што се гледа како предвесник на рецесија.

Таквата ситуација не дозволува мир за крипто-пазарите. Тие веќе преживејаа тежок пад од две илјади милијарди долари од рекордната вредност во 2021 година. Овој тренд беше одбележан со колапс на главните играчи како хеџ фондот Three Arrows Capital и проектот Terraform Labs, коосновачот на вториот, До Квон, е баран од властите.

„Доколку ФЕД продолжи да затегнува, освен ако не ја контролира кривата на принос за да одржи позитивен наклон, крипто системот ќе доживее многу повеќе неуспеси“, изјави за Bloomberg, Брајан Пелегрини, основач на Intertemporal Economics. „На крајот ќе има некои многу богати шампиони, но во меѓувреме ќе има крв на улиците“, додава тој.

Индексот MVIS CryptoCompare Digital Assets 100 неделава падна, при што неговите загуби за 2022 година изнесуваат околу 62 отсто, во споредба со 22 отсто за глобалните акции. Корелацијата помеѓу акциите и биткоинот е покачена и е блиску до рекордно ниво, што е знак дека средствата од сите категории се погодени од заеднички макроекономски фактори.

Пирамидални шеми

И главниот извршен директор на JPMorgan Chase, Џејми Дајмон, не помогна за расположението на пазарите на дигитални валути со тоа што го потврди својот скептицизам, нарекувајќи ги токените „децентрализирани пирамидални шеми“.

Биткоинот беше на околу 18.500 долари во 7:45 часот во Сингапур. Етер е на 1.250 долари и продолжува да ги намалува неодамнешните придобивки поттикнати од возбудата околу надградбата на мрежата Ethereum. Во минус беа и токените како солана и аваланч.

Трговците со криптовалути можат да се повикаат на метрики како што е 14-дневниот индекс на релативна сила на биткоинот (RSI) за да се уверат дека е можно враќање. Но, облозите за ризични средства стануваат сè поретки поради агресивните потези на ФЕД.

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари