Крипто фирма на платформа на Етереум се согласи да стане јавна преку спојување со компанија за аквизиција со специјална намена (SPAC), поддржано од повеќе од 1,5 милијарди долари во крипто и акции, приклучувајќи се на бран од фирми за дигитални средства кои се движат кон берзите.
„Етер Машин“ (Ether Machine Inc.), компанијата што произлегува по спојувањето, ќе биде поддржана со 169.984 етери од еден од ко-основачите и од финансирање со акции од повеќе од 800 милиони долари, според соопштението во понеделникот. До 170 милиони долари во готовина ќе обезбеди доверителниот фонд на „Дајнемикс Корп“ (Dynamix Corp.), компанијата за аквизиција со специјална намена (Special Purpose Acquisition Company – SPAC) што се спојува со „Етер Машин“.
Акциите на „Дајнемикс“ пораснаа за 22,6% на 12,57 долари по акција до 11:54 часот во Њујорк.
Прочитај повеќе

Биткоинот има нова намена - што може да тргне наопаку
Ако цената на биткоинот се одржува единствено со надеж дека некој друг ќе го купи, што се случува кога ќе го купи и последната финансиска институција?
пред 10 часа

Криптоберзата поддржана од Питер Тил поднесе барање за ИПО
„Булиш“ (Bullish), оператор на берза за дигитални средства меѓу чии поддржувачи е милијардерот Питер Тиел, поднесе барање за почетна јавна понуда на акции (ИПО).
21.07.2025

Новите регулативи донесоа рекордна вредност на криптопазарот
Вкупната пазарна вредност на криптосредствата надмина 4 трилиони долари за првпат, поттикната од растот на алткоините и од силниот импулс предизвикан од сè поинтензивната законодавна иницијатива во САД.
18.07.2025

„Крипто неделата“ на Трамп продолжува, конзервативците ја прекинаа блокадата
Републиканските конзервативци ја отфрлија дводневната блокада на криптозаконите, отворајќи го патот за гласање во Претставничкиот дом за серија мерки поддржани од претседателот Доналд Трамп.
17.07.2025

Рекорд на биткоинот – дојде ли време и за помалите криптовалути?
Дали стрмниот пораст на цената на биткоинот ќе биде проследен со пораст на цените на помалите криптовалути?
15.07.2025

Споената компанија ќе биде предводена од претседателот Ендру Киз и главниот извршен директор Дејвид Мерин, двајцата поранешни вработени во „Консензус“ (Consensys), фирма за блокчејн софтвер што развиваше апликации за блокчејнот на Етереум. „Етер Машин“ се очекува да поседува повеќе од 400.000 токени Етер, вклучувајќи ги 169.984 вложени од Киз.
Договорот се очекува да се затвори до четвртиот квартал на 2025 година, под услов да се исполнат условите, вклучително и одобрувањето од акционерите.
Поднесокот за ова спојување доаѓа среде бран на активности на пазарите на капитал поврзани со крипто, бидејќи регулаторните притисоци попуштија. Берзата за дигитални средства „Булиш“ (Bullish) во петокот поднесе јавна пријава кај Американската комисија за хартии од вредност за иницијална јавна понуда (IPO), а фирмата за менаџирање на крипто средства „Грејскејл Инвестментс“ (Grayscale Investments) и фирмата за чување крипто „БитГоу“ (BitGo) неодамна поднесоа доверливи пријави за котирање.
Инвеститори, вклучувајќи ги „Раундтејбл Партнерс“(1Roundtable Partners/10T Holdings), „Архитајп“ (Archetype), „Блокчејн.ком“ (Blockchain.com), „Сајберфунд“ (Cyberfund), „Електрик Капитал“ (Electric Capital), „Кракен“ (Kraken) и „Пантера Капитал“ Pantera Capital, се согласија да придонесат во купувањето на акции.
„Етер Машин“ нуди институционална изложеност на Етереум и планира да создава вредност преку стратегии за стејкинг (staking – начин на заработка преку чување и инвестирање во одредени криптовалути), ристејкинг и децентрализирани финансиски стратегии, според соопштението.
„Ситигруп“ (Citigroup Inc.) дејствуваше како советник за пазарите на капитал за „Етер Машин“ и беше единствен агент за пласирање на институционалното финансирање, се вели во соопштението. „Коен и Ко.“ (Cohen & Co.) и „Скотија Капитал УСА“ (Scotia Capital USA Inc.)го советуваа „Дајнемикс“. Се очекува акциите да се тргуваат на Nasdaq под симболот ETHM.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...