Суровини

Цените на нафтата на најниско ниво во последните шест месеци

Извор: Elizabeth Low/Bloomberg News

05. Август 2022, 11:25

Американскиот WTI изгуби девет отсто од вредноста оваа недела

Побарувачката во САД се намалува, залихите растат

Либиското производство се враќа во игра

Цените на нафтата на најниско ниво во последните шест месеци

Bloomberg

Глобалното економско забавување поттикнува пригушување на побарувачката, при што цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните шест месеци.

Американскиот West Texas Intermediate (WTI) падна за девет отсто оваа недела. Официјалните податоци покажуваат дека потрошувачката на гориво во САД е намалена, додека залихите се зголемуваат.

По силниот раст во првите пет месеци од годинава, трендот се промени со пад кој се продлабочи на почетокот на август.

Ова може да има ефект на намалување на инфлаторните притисоци што ги наведоа централните банки да ги зголемат каматните стапки.

„Пазарот чувствува влошување на побарувачката во САД, така што притисокот врз капацитетот на рафинериите се намалува“, рече Стивен Инес од SPI Asset Management.

Bloomberg Mercury
 

Стравот од рецесија е широко распространет. Банката на Англија (БОА) предупреди дека земјата е пред повеќе од едногодишна рецесија, додека американските Федерални резерви (ФЕД) најавуваат продолжување на агресивната борба против инфлацијата.

Кинеската економија исто така покажува знаци на слабост, што најверојатно ќе доведе до намалување на потрошувачката на нафта во земјата, која е водечки увозник.

Падот на цените оваа недела е резултат и на делумното враќање во нормала на либиското производство по период на прекин, што им овозможува на земјите од ОПЕК да го стабилизираат производството на над милион барели дневно и со тоа да го намалат притисокот на пазарот.
 

Сите новости од рубриката Пазари

Пазари

сите новости од рубриката Пазари