Светот на економијата во изминатите часови беше обележан со важни политичко-трговски потези и реакции на пазарите. Соединетите Американски Држави (САД) постигнаа договори со Филипините и, што е уште поважно, со Јапонија, со што се избегнаа поголеми потреси во светската економија. Паралелно со тоа, во фокусот се и американско-кинеските односи, додека „Мајкрософт“ ги обвинува хакерите од таа азиска земја за сериозни сајбер-напади. На берзите преовладува оптимизам, па европските и американските акции бележат раст во очекување нови договори и одлуки од централните банки, додека азиските пазари реагираат на политичките турбуленции во Јапонија.
ЕКОНОМИЈА
Трамп постигна трговски договор со Јапонија
По неколкумесечна неизвесност, американскиот претседател Доналд Трамп постигна трговски договор со Јапонија, според кој ќе бидат воведени царини од 15 проценти на увоз на стока од таа земја, вклучувајќи го и автомобилскиот сектор. Истовремено, договорено е Јапонија да инвестира 550 милијарди долари во Америка.
Благодарение на овој договор, клучниот американски сојузник ќе биде поштеден од царините од 25 проценти, кои требаше да стапат во сила следната недела.
Продолжување на царинското примирје со Кина?
Истовремено, американскиот министер за финансии Скот Бесент изјави дека следната недела ќе се сретне со кинеските колеги во Стокхолм на третата рунда разговори, за продолжување на царинското примирје.
Според „Блумберг“, ова укажува на континуирана стабилизација на односите меѓу двете најголеми светски економии, откако САД неодамна ги ублажија ограничувањата за извоз на чипови, а Кина го продолжи извозот на ретки минерали.
КОМПАНИИ
„Мајкрософт“ ги обвини кинеските хакери за напади врз Шерпоинт
Компанијата „Мајкрософт“ ги обвини кинеските хакери дека ги искористуваат ранливостите во нејзиниот софтвер Шерпоинт (SharePoint), откако во последните денови беа компромитирани сервери низ целиот свет. „Мајкрософт“ идентификува две хакерски групи зад кои, според нив, стои кинеската влада.
Кинеската амбасада, сепак, соопшти дека официјален Пекинг цврсто се противи на сите форми на сајбер-напади и сајбер-криминал, како и на обвинувања без цврсти докази.
БЕРЗИ
Европа
Со фјучерсите на европските акции утрово се тргува со добивки, во пресрет на одлуката на Европската централна банка за каматните стапки в четврток. Економистите на „Блумберг“ очекуваат дека раководството веројатно ќе ја задржи каматната стапка на депозитите на два процента, но и дека ќе ја одложи реакцијата на заканите на Трамп за царини од 30 проценти.
EURUSD:CUR
EUR-USD X-RATE
1,1734 USD
-0,0020 -0,17%
почетна цена
1,1755
претходна цена на затворање
1,1754
промена од почетокот на годината
13,3475%
дневен опсег
1,17 - 1,18
опсег на 52 недели
1,01 - 1,18
САД
И фјучерсите на американските акции се во зелено, бидејќи се очекува поголемиот дел земји да постигнат трговски договори со САД пред истекот на рокот на 1 август. Со тоа би се избегнало значително оштетување на добивките на компаниите, но и на светската економија.
Исто така, во фокусот на Трамп останува монетарната политика на Федералните резерви (Фед), врз кои повторно апелираше да ги намалат каматните стапки.
Азија
Кога станува збор за акциите во азиско-пацифичкиот регион, и тие бележат раст, но јенот ослабе во однос на доларот.
Јапонските акции зајакнаа по веста дека премиерот Шигеру Ишиба ќе ја најави својата оставка до крајот на август. Индексот Nikkei скокна за повеќе од три проценти, а со добивки се тргуваа и акциите на „Тојота“ и другите јапонски производители на автомобили.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...