Европската Унија (ЕУ) ќе го одложи официјалното поднесување на својот нов пакет санкции против Русија, според европски дипломат, откако американскиот претседател Доналд Трамп побара построги европски мерки како услов САД да продолжат со сопствените казни.
Европската комисија, која е извршна власт на ЕУ, требаше утре да го презентира предлогот, кој е 19-ти по ред. Во петокот САД извршија притисок врз своите сојузници во Г7 да воведат тарифи до 100 проценти за Кина и Индија заради нивните купувања на руска нафта, како и други мерки, а со цел да го притиснат рускиот претседател Владимир Путин да седне на преговарачка маса со Украина.
Службениците на Г7 моментално работат на нов пакет санкции и имаат цел да го финализираат текстот во следните две недели, според лице запознаено со ова прашање, кое зборуваше под услов да остане анонимно.
Прочитај повеќе

Санкциониран танкер натоварен со руска сурова нафта се приближува до пристаништето на „Адани“
Санкционираниот танкер „Спартан“ со руска сурова нафта се приближи до Мундра, веројатно како еден од последните бродови пред „Адани“ да ја затвори вратата за санкционирани танкери.
15.09.2025

Трамп поддржува нови санкции, ама кога НАТО ќе престане да купува руска нафта
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да воведе „големи“ санкции врз руската нафта доколку земјите од НАТО го сторат истото.
14.09.2025

САД предлагаат земјите од Г7 да воведат широки санкции кон Русија
Санкциите предвидуваат царини до 100 отсто за Кина и Индија
12.09.2025

Трамп во текот на викендот изјави дека е подготвен да воведе „големи“ санкции врз руската нафта ако европските земји го сторат истото тоа. Купувањето руска енергија од страна на Кина и Индија е клучно за финансирање на војната на Путин против Украина.
Предлогот на САД, исто така, е насочен кон руските нафтени компании и мрежите што ѝ овозможуваат на Москва да продава сурова нафта и да профитира од трговијата.
Трамп досега се воздржа од воведување директни санкции врз Русија и покрај тоа што прескокна неколку самонаметнати рокови, но и континуираната неподготвеност на Путин да преговара за крај на војната. Иако Трамп ги удвои царините врз Индија на 50 проценти во однос на нејзиното континуирано купување руска нафта, сепак САД водат трговски преговори и со Индија и со Кина.
Предлогот на САД ја префрла топката во рацете на европските лидери. Царините врз Индија и Кина би биле тешки за ЕУ бидејќи многу земји, вклучувајќи ја и Германија, се потпираат на тие извозни пазари. Но, некои од барањата на Трамп веќе беа дел од плановите на блокот.
ЕУ го одложи постепеното укинување на рускиот гас за по 2027 година и им даде привремени ослободувања од санкциите за руска нафта на земјите без излез на море, како Унгарија и Словачка. Сепак, суровата нафта од Москва минатата година падна на околу три проценти од 27 отсто, колку што изнесуваше увозот на ЕУ пред војната.
Деветнаесеттиот пакет на санкции на ЕУ против Русија предвидува целење на околу шест руски банки и енергетски компании, како и на руските системи за плаќање и кредитни картички, криптоберзи и дополнителни ограничувања на трговијата со нафта во земјата, објави претходно „Блумберг“. Инаку, „Политико“ уште порано објави за одложувањето на предлогот на ЕУ.
Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...