Британската полиција го уапси истакнатиот член на Лабуристичката партија, Питер Менделсон, под сомнение за злоупотреба на службената положба.
Метрополитенската полиција потврди дека во понеделникот уапсила 72-годишен маж во Камден, кој потоа бил одведен во полициска станица во Лондон на разговор. „Ова следува по налози за претрес на две адреси во областите Вилтшир и Камден“, изјави портпаролот на полицијата.
Тие не го именуваа 72-годишниот Манделсон.
Прочитај повеќе
Поранешниот принц Ендрју пуштен на слобода, кризата во кралското семејство продолжува
До утрово, поминаа речиси четири века од апсењето на висок член на британското кралско семејство. Сега, апсењето на неговиот 66-ти роденден на Ендрју, омилениот син на покојната кралица Елизабета II, претставува ново дно за најмоќното семејство во Обединетото Кралство
19.02.2026
Епстајн со години се обидувал да се сретне со Путин
Фасцинацијата на Епстајн со Путин и Русија не стивнала, иако документите го прикажуваат како човек кој во голема мера бил збунет околу тоа кој навистина има моќ и влијание кај рускиот лидер. Фајловите покажуваат повеќегодишен обид да обезбеди средба лице-в-лице со Путин, чие име се појавува околу 1.000 пати во базата на податоци.
19.02.2026
Епстајн плаќал по 12.000 долари месечно за неговите злодела да „исчезнат“ од интернет
Со години престапникот тајно плаќал илјадници долари месечно за да го „исчисти“ своето име на интернет, откриваат нови документи.
13.02.2026
Адвокатката на „Голдман Сакс“, Румлер, заминува поради поврзаност со Епстајн
По серијата објавени федерални документи поврзани со Џефри Епстајн, главната адвокатка на „Голдман Сакс“, Кети Румлер, поднесе оставка, која ќе стапи во сила на 30 јуни.
13.02.2026
Апсењето следуваше откако електронски пораки, објавени кон крајот на јануари од американското Министерство за правда, наводно покажале дека Менделсон, додека бил министер во британската влада, споделувал пазарно чувствителни информации со починатиот финансиер и осуден педофил Џефри Епстајн. Полицијата во текот на овој месец отвори кривична истрага за случајот и изврши претреси на два имота поврзани со Менделсон.
Неговиот адвокат одби да даде коментар.
Bloomberg
Апсењето ја продлабочува кризата што го зафати премиерот Кир Стармер поради неговата одлука кон крајот на 2024 година да го назначи Менделсон за амбасадор на Британија во САД, и покрај неговите познати врски со Епстајн. По најновите откритија за поранешниот пратеник, шефот на кабинетот на премиерот, директорот за комуникации и секретарот на владата поднесоа оставки, додека некои од пратениците на Лабуристичката партија јавно повикаа и Стармер да се повлече.
Премиерот го врати Менделсон, кој има обемно искуство во трговијата, за да помогне во водењето на односите со САД по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа и царинската војна што следуваше. Стармер потоа го разреши Менделсон во септември, откако истрага на „Блумберг њуз“ откри колку биле силни неговите врски со Епстајн. Сепак, критиките кон Стармер се засилија поради неговата процена уште при самото назначување на Менделсон.
На седница на Долниот дом на 4 февруари, Стармер беше принуден да признае дека долгорочната врска на Менделсон со Епстајн била спомната за време на процесот на проверка што му претходел на неговото назначување за пратеник во САД.
Владата исто така беше принудена да ги достави документите поврзани со назначувањето на Менделсон. Во разгледувањето на документите што владата сака да ги задржи, поради безбедносни причини, улога има и парламентарната мешана комисија за разузнавање и безбедност. Досега не е објавен ниту еден документ, по повиците од полицијата да не се објавува ништо што би можело да ја наруши истрагата.
Најновите документи поврзани со Епстајн, вкупно околу три милиони страници објавени од американското Министерство за правда, наводно покажуваат дека Менделсон, додека бил член на владата на тогашниот премиер Гордон Браун во 2009 година, му препраќал на Епстајн интерни електронски пораки од Даунинг стрит за предлози за даночна политика. Тој додал коментар: „Интересна белешка што е испратена до премиерот“.
Приватната белешка ја подготвил висок советник во кабинетот на Браун на 13 јуни таа година, истиот ден кога Менделсон ја споделил. Во белешката се предлагаа даночни поттикнувања за да се охрабрат инвестиции од приватниот сектор по финансиската криза, како и можност да се продадат средства во износ од 20 милијарди фунти (27,4 милијарди долари) за да се намали државниот долг.
Во друга електронска порака Менделсон наводно го предупредил Епстајн дека Браун планира да се повлече како лидер на Лабуристичката партија и премиер, неколку часа пред тоа навистина да се случи. „Конечно го натерав денес да си замине...“, напишал тој на 10 мај 2010 година.