text size
По една недела и околу илјада километри поминати со „омодa 5 СХС“ (Omodа 5 SHS), мора да признаеме дека бевме многу пријатно изненадени, дури и малку импресионирани. Кинескиот „суперхибрид“ е вистински пример за автомобил од кој европската (и азиската) конкуренција треба да се плаши - одличен погонски склоп, привлечен дизајн, солидна суспензија, целата можна опрема - и сето тоа по практично половина цена во споредба со некои директни конкуренти.