text size
„Рено“ пред околу две децении во Европа ја лансира својата евтина марка „дачија“. Се покажа дека тоа е чекор во вистинската насока, а нејзиниот пазарен удел во Европа во последните години се приближи до уделот на матичната компанија „Рено“. „Сандеро“ редовно се наоѓа меѓу најпродаваните автомобили во Европа. Марката, исто така, во последните години се прошири и во повисокиот ценовен сегмент, што нè доведува до хибридниот „бигстер“, кој го тестиравме.