text size
Минатото лето добив казна за пречекорување на брзината додека возев „ламборгини ревеулто“ од Лос Анџелес кон Кармел, Калифорнија. Ретко добивам сообраќајни казни, но зад воланот на „ревеулто“ сепак малку се опуштив. Хибридниот мотор V-12 со 1.001 коњска сила, вреден 664.799 долари, беше толку брз и забавен за возење што казната од околу 400 долари ми изгледаше како мала цена за таквото уживање на отворен пат.