Кога „Ролс-Ројс“ го лансираше „спектрe“ (Spectre) кон крајот на 2023 година, ултра-богатите купувачи на британскиот производител на автомобили брзо ја искористија можноста да го купат првиот електричен модел на брендот, кој нудеше тивко возење во споредба со бучавата на V12 моторот.
Две години подоцна, почетниот ентузијазам за моделот од 420.000 долари, кој може да забрза до 95 километри на час за 4,4 секунди, падна, а и продажбата се намали, што сугерира дека дури и милијардерите се двоумат кога станува збор за купување електрични возила. Се чини дека луксузниот бренд ќе го следи трендот на другите производители и ќе ги повлече претходните изјави за електричните возила до крајот на деценијата.
Во интервју во базата на „Ролс-Ројс“ во Гудвуд, извршниот директор Крис Браунриџ изјави дека брендот ќе ја прилагоди понудата според желбите на купувачите - истовремено зголемувајќи ги опциите за персонализација, вклучувајќи и инвестиции во глобална мрежа приватни канцеларии за индивидуални средби со клиентите.
Прочитај повеќе
„Тесла“ ја затвори 2025 година со стрмен пад на продажбата во Европа
Американската компанија регистрираше продажба на само 1.942 автомобили минатиот месец во Франција, што е намалување од 66 отсто во однос на истиот месец претходната година.
02.01.2026
БМВ ја крева летвичката: iX3 ја враќа Европа на врвот на автомобилската индустрија
Европските брендови се прогласени за губитници во битката за тронот кај електричните автомобили. БМВ докажува дека тоа не е точно!
20.12.2025
ЕУ се откажува од целосната забрана за продажба на бензински и дизел автомобили од 2035 година
По силен притисок од автомобилската индустрија, како и од Германија и Италија, Европската комисија ја ревидира забраната за продажба на бензински и дизел автомобили од 2035 година.
17.12.2025
Тест на „Мазда 3“: љубовна приказна за сите времиња
„Мазда 3“ е редок пример на компактен модел што и понатаму го става возачот во центарот, со класичен мотор и минималистички пристап кон технологијата.
21.12.2025
„Ќе имаме повеќе електрични автомобили“ рече Браунриџ. „Но, гледаме многу силна побарувачка за V12, а таму каде што постои интерес кај клиентите за тој мотор, ќе продолжиме да произведуваме и V12 модели.“
Bloomberg
Автомобилските компании ширум Европа ги повлекуваат своите електрични амбиции поради разочарувачката побарувачка, а преминот кон електрични возила стана нерамномерен на глобално ниво. Минатиот месец Европската унија ги ублажи своите цели за електрични возила, практично укинувајќи ја забраната за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување која требаше да стапи во сила во 2035 година, додека САД под водство на претседателот Доналд Трамп го сменија курсот во врска со електричните возила.
По брзиот почеток со моделот „спектре“ во 2024 година, првата целосна година на продажба, испораките на моделот паднаа за 45 проценти во првите три квартали од 2025 година во споредба со претходната година, додека продажбата на сите „Ролс-Ројс“ возила порасна за 3,3 проценти, покажуваат анализите на приходите на БМВ групата. Уделот на „спектре“ во вкупната продажба на „Ролс-Ројс“ падна на под една петина во 2025 година, во споредба со една третина во 2024 година.
„Ако го погледнете ваквиот концепт, почетната побарувачка е многу висока, а потоа се стабилизира – и останува стабилна во текот на животниот циклус,“ рече Браунриџ. „Тоа го видовме со моделите „рејт“ (Wraith) и „дон“ (Dawn) во минатото“.
Крис Браунриџ | Bloomberg
„Ролс-Ројс“ - водечки производител на луксузни автомобили според просечната цена, без нисковолуменски спортски модели – не е обичен производител на автомобили. Заедно со брендови како „ферари“ и „бентли“, тој претставува луксузен животен стил, повеќе отколку средство за транспорт. Во сопственост на БМВ од Германија, „Ролс-Ројс“ произведува возило дури кога клиентот ќе го нарача, обично целосно прилагодено на личните желби. Производителот, во согласност со стратегијата на матичната компанија, може да прави електрично возило и V12 модел на иста производна линија, а обично произведува еден автомобил на секои 32 минути (наспроти приближно половина минута кај масовното производство).
Некои купувачи поминуваат месеци дизајнирајќи го својот совршен автомобил
„Гледаме огромна побарувачка за тоа,“ изјави Браунриџ во салонот за презентација на компанијата, каде најверните купувачи имаат увид во целосната „Ролс-Ројс“ ексклузива, со моделот „спектрe“ во позадина. „Планираме да вложиме повеќе ресурси во нашите приватни канцеларии.“
Bloomberg
Bloomberg
„Ролс-Ројс“ моментално двојно го зголемува својот погон во Гудвуд за да ја задоволи растечката побарувачка за уникатни модели. Купувачите избираат посветли бои и впечатливи ентериери, што доведе до изградба на нов објект за фарбање во проширениот простор. Дополнителните опции вклучуваат специјални дрворезбарени ентериери или образец од оптички влакна на покривот. Еден купувач посакал специфична нијанса на лимета за новиот автомобил – откако забележал жаба во таа боја во Амазон.
Ваквите персонализации ги подигнале просечните продажни цени над 500.000 фунти, во споредба со околу 300.000 пред десет години. Повеќе од 20 автомобили испорачани минатата година чинеле најмалку еден милион фунти. Компанијата е добро опремена за комплексни дизајни, а многу процеси и понатаму се изведуваат рачно. За време на тура низ погонот средината на декември, еден работник ги израмнуваше наборите на кожните седишта со помош на рибја коска.
Bloomberg
Сите овие дополнителни опции – и приходот што доаѓа со нив – му помагаат на „Ролс-Ројс“ да го надомести глобалниот пад на луксузната потрошувачка, особено во Кина. Податоците на истражувачката фирма „Јато динамикс“ покажуваат дека „Ролс-Ројс“, како и неговите европски конкуренти, имал послаба продажба во Кина. САД веќе беа најголемиот пазар на компанијата, но станаа уште подоминантни.
Bloomberg
Што се однесува до побавната продажба на моделот „спектрe“, веројатно постојат неколку дополнителни фактори. Станува збор за купе со само две врати, што го прави повеќе перформансен модел во споредба со поголемиот СУВ „кулинан“, кој е популарен и меѓу редовните купувачи и меѓу најбогатите. Сопствениците на „Ролс-Ројс“ веројатно не страдаат од грижа за дострелот, бидејќи во просек минуваат околу 6.000 километри годишно, што е приближно 11 полнења на батеријата, изјави Браунриџ. Производителот не планира да воведе плаг-ин хибриди.
Иако продажбата на „спектрe“ опадна, солидната база на побарувачка треба да остане одржлива, според Ерик Зајер, директор на „Беин“ (Bain & Co) за европскиот автомобилски пазар.
„Во споредба со ултра-луксузните спортски автомобили, електричните погонски системи се многу поатрактивни за купувачите на лимузини, бидејќи обезбедуваат потребна мазност, сила и вртежен момент,“ рече тој.
„Спектрe“ ги исполни очекувањата, вели Браунриџ. „Сакавме да покажеме дека, како што светот преминува на електрични автомобили, „Ролс-Ројс“ и понатаму може да го произведе најдобриот автомобил на светот. Нашето искуство со овој модел ни дава доверба во иднината.