text size
Иако самото име сугерира дека станува збор за градски автомобил, „гили ситиреј“ (Geely Cityray) со своите кабасти димензии целосно спаѓа во категоријата сериозни семејни теренци. Интересно е тоа што во името може да се види криза на идентитетот, која повеќе или помалку го придружува во сите други аспекти што ги тестиравме во текот на една недела.