text size
Саемот „Виндап“ (WindUp Watch Fair), посветен на малите независни брендови на часовници, се одржа по 11. пат кон крајот на октомври, во сенката на „Емпајер стејт билдинг“ (Empire State Building). Стигнав токму кога се отворија вратите на саемот, а редот за влез се протегаше долж цели три градски блока. Љубителите на часовничарството, претежно помлади мажи, полека се движеа кон влезот, додека некои од нивните партнери се одвојуваа во потрага по храна. Внатре ги чекаа повеќе од 170 брендови на часовници, некои познати како „Тајмекс“ (Timex), а други наменети за тесен круг купувачи, како чешкиот „Робот ходинки“ (Robot Hodinky). Ги пречекаа со раширени раце и со читачи на картички подготвени за нивните паричници.