text size
Кога ќе се споменат Дубаи и Абу Даби, прво на што помислуваме веројатно е гламур, потоа стабилност, па патувања. Може и обратно. Во последните денови таа претстава се распрсна со бомбите. Местата што со децении беа симбол на глобален луксуз, сигурно засолниште на капиталот и потрошувачката на високата класа, се најдоа во центарот на ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток.