text size
Вкупниот капацитет за производство на вино во Македонија е околу 180 милиони литри, но се произведуваат нешто повеќе од 50 проценти, а над 65 милиони литри се амбалажирано вино, што е приближно исто како и вкупниот извоз, вклучувајќи го и рефусот. Околу 20 милиони литри одат во балканските земји, двојно повеќе во земјите од ЕУ, додека само малку повеќе од еден милион литри се продаваат во остатокот од светот. Амбалажираните вина најчесто одат во Србија, а рефусот во Германија.