text size
Мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски со проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ ќе ја претставува Македонија на 61. издание на Венециското биенале. За „Блумберг Адрија“ тој открива дека делото потекнува од еден поодамнешен период и го замислувал како скулптурално решение во простор, но, како што вели, заведен од секојдневните обврски останало настрана. Првичната идеја, пак, ја добил слушајќи ја песната „Hyperballad“ на исландската музичка ѕвезда Бјорк.