text size
Најмалку две просечни плати треба да одвои еден македонски граѓанин за да си дозволи барем една ноќ да се почувствува како претседател на држава, музичка ѕвезда или врвен спортист, покажа истражувањето на „Блумберг Адрија“ за цените на ноќевање во најлуксузните апартмани во хотелите во Скопје. Според податоците на Државниот завод за статистика, заклучно со минатата година во Македонија имало вкупно 19 хотели со пет ѕвездички. Сепак, најголем луксуз и, следствено на тоа, највисоки цени, кои се движат од околу 1.000 евра до над 1.700 евра за ноќевање, имаат претседателските апартмани во релативно новите хотели од познатите светски брендови „Хилтон“, „Лимак“ и „Мериот“. А кој спиел досега таму? Речиси немало Македонци - најчесто имало странски музички и филмски ѕвезди и политичари.