text size
Глобалните цени на луксузните куќи паднаа во првиот квартал годинава за првпат од финансиската криза. Индексот на примарните цени во 46 града се намали за 0,4 проценти на годишно ниво, што е прв ценовен пад од 2009 година, според консултантската куќа за недвижности „Најт Френк“ (Knight Frank). Тоа претставува остар пресврт од растот од 10 проценти што беше забележан во четвртиот квартал од 2021 година.