text size
Потребите на купувачите на луксузни недвижности се променија во последните години. Клиентите сега сакаат да им бидат обезбедени дополнителни услуги, како што се базен, вежбалница, рецепција или терен за голф, а некои сакаат да плаќаат со криптовалути. Од друга страна, кон купувачите се приклучува и генерацијата зед (Z), што ја менува парадигмата на барања, порачаа говорниците на третиот панел „Луксузни недвижности во регионот Адрија“ на конференцијата „Иднината на луксузот“ (The Future of Luxury) во организација од „Блумберг Адрија“.