text size
При изборот помеѓу злато и недвижен имот како инвестиција, не постои универзален одговор. И двете имаат свои предности и недостатоци. Златото обезбедува поголема ликвидност и помали влезни трошоци, што го прави достапно за секого. Од друга страна, недвижниот имот нуди потенцијал за зголемување на капиталот и приход од изнајмување, но доаѓа со повисоки влезни трошоци и трошоци за тековно одржување. Сепак, иако инвестициите во недвижности седат на тронот во последните две години, во 2024 година сепак поатрактивно вложување ќе биде златото, иако има и некои неконвенционални класи на средства кои изгледаат сè попривлечни, рекоа учесниците на панелот „Инвестициско родео“ кој се одржа во петокот како дел од конференцијата на „Блумберг Адрија“, „Иднината на инвестирањето“.