Остануваат уште малку слободни места за нашата конференција „Back to Business“, која ќе се одржи на 29 октомври во Скопје. Таа има цел да ги ангажира клучните актери во македонскиот бизнис-сектор и високите владини претставници на платформа што ќе навлезе во анализа на економските потенцијали и можности за развој на Македонија.
На оваа конференција подетално ќе разгледаме како земјата треба да ги редефинира своите позиции за да го забрза економскиот раст на одржливо ниво, бидејќи досегашните искуства не дадоа импресивни макроекономски резултати. Иако учеството е бесплатно, бројот на места е ограничен, па можете да присуствувате само ако се регистрирате на овој линк.
Добро утро! Ова се петте вести што треба да ги знаете на почетокот на денот, во избор на дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“ од Скопје.
Од каде толку многу кеш на пазарот на недвижности во Македонија?
Додека во повеќето високоразвиени земји во Европа и во САД купувањето недвижности без да се земе кредит односно хипотека е вистинска реткост и можат да си го дозволат само најбогатите, речиси во сите земји од регионот Адрија (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и БиХ) купувањето станови и куќи во готовина е секојдневие.
Иако во изминатиов период има променливи движења кај станбеното кредитирање во зависност од тоа за која земја станува збор, се чини дека купувањето живеалишта во готовина на овие простори е константа, без оглед на тоа дали каматите на станбените кредити се на повисоко или на пониско ниво. Ваквите трендови ја наметнуваат дилемата од каде толку многу кеш на пазарот на недвижности во регионот.
Кога се бара одговор на ова прашање, не може а да не се спомне проблемот со сивата економија која помалку или повеќе сѐ е уште присутна во сите земји од регионот...
Квадрат во Центар надмина 3.000 евра, а продажбата на станови забрзува
Најскапиот стан во третиот квартал од оваа година е продаден во скопски Центар. Купувачот за 91 метар квадратен платил 280.000 евра или 189.231 денари (над 3.000 евра), покажуваат податоците од Агенцијата за катастар на недвижности.
Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од јули до септември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се продажби на 845 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 169 станови повеќе од вториот квартал во 2025 година.
Во третиот квартал од оваа година, според пресметките на НБРМ, цената на недвижностите во земјава се зголеми за 25,1 отсто, што е историски највисок раст. Претходно, во последните две и пол децении, сличен раст од над 24 отсто беше забележан во 2008 година, по што следуваше период на пад на цените.
Нови правила на ЕУ би можеле да ги зголемат цените на облеката
На почетокот на септември Европскиот парламент ги усвои измените на директивата за отпад, кои првпат обврзуваат производителите на текстил да ги финансираат собирањето, сортирањето и рециклирањето облека и обувки.
Станува збор за систем на проширена одговорност на производителите (Extended producer responsibility / ЕПР), чии цели се да ги натера модните брендови да ја преземат одговорноста за производите што стануваат отпад по нивната употреба. Во практика тоа значи дека производителите, вклучувајќи ги и оние од земјите надвор од ЕУ што продаваат онлајн, ќе плаќаат надоместоци што ќе се користат за развој на инфраструктурата за собирање и рециклирање текстил.
Воведувањето на ЕПР отвора и поширока дискусија за цените. Во крајна линија, системот што бара дополнителни надоместоци и административни трошоци мора некако да биде покриен. Ќе доведе ли тоа до покачување на цените на облеката или дел од трошоците ќе се амортизира во рамките на производствениот синџир?
Нов криминален тренд зад кражбата на накитот во музејот „Лувр“
Музејските кражби стануваат сè посмели, додека цената на златото се удвои за само една година и порасна десеткратно во текот на две децении. Мноштвото инвеститори кои бегаат од некогаш сигурните вложувања, како што се државните обврзници, ја прави физичката имотна вредност што може да се чува во сефови исклучително привлечна.
Крадците го забележуваат тоа. Само минатиот месец, крадци со помош на лет-лампа и аголна брусалка украле златни грутки вредни 600.000 евра од Природонаучниот музеј во Париз.
Во ноември, четворица маскирани мажи дрско ги скршиле витрините во музејот „Коњак-Жеј“ (Cognacq-Jay) во француската престолнина и однеле седум мали украсни садови или кутии за чување бурмут - фино мелен тутун - од 18. век.
Дали Франција е лесна мета? Три кражби во текот на една година навистина покажуваат знаци на слабост.
Како директорите да го задржат авторитетот, а да не ја згаснат креативноста на вработените
Од закани за враќање во канцелариите до остри меморандуми што прогласуваат крај на наградувањето на лојалноста на вработените, јасно е дека директорите повторно се полни со себеси. Забавувањето на економијата ја враќа моќта во канцелариите на директорите по години кога пазарот на трудот им даваше извонредни предности на работниците.
И лидерите не се двоумат да ја искористат таа моќ. Тие се откажуваат од „топли“ и „пријателски“ средини и, наместо тоа, повикуваат на една од најпознатите реплики на Дон Дрејпер од серијата Mad Men: „Затоа постојат парите“.
Желбата да се обнови контролата одгоре можеби е природен инстинкт, но исто така е и длабоко контрапродуктивна. Менаџментот што се потпира главно на страв како „стап“ и финансиски награди како „морков“ – ги задушува креативноста и иновацијата.