text size
Новите кованици кои се во знак на стапувањето на тронот на кралот Чарлс III ја слават флората и фауната на Обединетото Кралство. На предната страна на кованиците има портрет на кралот, но за разлика од кралицата, тој не е прикажан со круна на главата. Сликата на кралот ја создал скулпторот Мартин Џенингс, а во согласност со британските нумизматички традиции, неговиот портрет е свртен налево, во спротивна насока од портретот на починатата кралица. Скратениот текст се користи за да се идентификува владетелот и да се наведат некои од неговите титули и почести. Така на новиот сет на монети е текстот „CHARLES III.D.G.REX.F.D“ (Чарлс III Д.Г.Рекс.Ф.Д). Во оваа кратеница Д.Г.РЕКС доаѓа од Dei Gratia Rex, или во превод- со милоста Божја, крал и тоа ја означува неговата позиција на владетел, додека Ф.Д. е од Fidei Defensor - бранител на верата и покажува дека кралот е поглавар на англиската црква.