text size
Во текот на 180 години од своето постоење, најголемиот музејски комплекс во светот – „Смитсонијан“ (Smithsonian) ја прикажува целосната историја на Соединетите Американски Држави со сите нејзини сложености и недостатоци, со цел да ја инспирира и едуцира публиката и да им овозможи да учат од грешките од минатото и да обезбедат слобода и правда за сите. Но, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не се согласува.