Во јавниот простор финансиската писменост сè уште доминантно се сведува на технички категории; каматни стапки, штедење, инвестициски инструменти и приноси. Но книгата „Не се работи за парите, се работи за нас“ отвора поширок, покомплексен рамковен контекст. Парите како прашање на однесување, одговорност и однос кон себе, семејството и општеството. Во разговор со авторката Кристина Ерцеговиќ, претприемачка и бизнис-консултантка, фокусот е токму на таа димензија што финансиите ги сместува надвор од исклучиво бројчениот контекст.
Импулсот за занимавање со темата не е стратешки планиран, вели таа за „Блумберг Адрија“. По смртта на родителите, Ерцеговиќ открила дека, и покрај образованието и стабилните приходи, тие починале со долгови, нерешена имотна состојба и нарушени семејни односи поврзани со наследството. Тоа искуство го отворило клучното прашање: не е пресудно колку заработуваме, туку како управуваме со она што го имаме. „Знаењето е важно, но однесувањето е пресудно. А многу често знаеме што треба да правиме, но не се однесуваме во согласност со тоа“, истакнува таа.
Кристина Ерцеговиќ, авторка на хит-книгата „Не се работи за парите, се работи за нас“ | Лична архива
Токму тој раскол меѓу знаењето и дејствувањето ја насочил кон системските констелации, област со која денес интензивно се занимава. Според нејзиното толкување, финансиското однесување не е исклучиво рационална категорија. Врз него силно влијаат потсвесните механизми, трансгенерациските обрасци и длабоко вкоренетите убедувања. „Само пет проценти од нашето однесување е свесно. Со преостанатото управува потсвеста. Во сè, па така и во парите“.
Прочитај повеќе
Што го прави автомобилот луксузен денес, а да не е само цената?
Како директорите за автомобили го дефинираат луксузот во модерното време и што тој значи за вашиот паричник.
16.01.2026
Инвеститорите во луксузни акции се подготвуваат за тешка сезона на извештаи
Геополитичките тензии, слабата побарувачка во Кина и падот на цените на акциите го ставаат луксузниот сектор на сериозен тест. Пред кварталните резултати од компании како ЛВМХ и „Хермес“, инвеститорите бараат одговори на клучното прашање дали закрепнувањето на профитот во 2026 година е сè уште реално.
30.01.2026
„Ролс-Ројс“: Фокус на уникатни модели за најбогатите додека побарувачката за ЕВ паѓа
Додека побарувачката за електрични возила паѓа, „Ролс-Ројс“ се насочува кон ексклузивни прилагодени автомобили по мерка на ултра-богатите купувачи, нагласувајќи луксуз, персонализација и престижни V12 модели
09.01.2026
Микрошифтинг: нов тренд на работа што вработените сè почесто го избираат
Работете наутро, направете пауза за ручек или дремнете попладне, а потоа продолжете со работа. Психотерапевтите објаснуваат зошто микрошифтингот е тренд кој допрва ќе се развива и ќе се шири како што помладите генерации влегуваат на пазарот на труд
13.12.2025
Пет работи што ги бараат купувачите на луксузни производи
Колку е помал кругот на луѓе кои го препознаваат и ценат вашиот избор, толку подобро. Тогаш припаѓате на елитна група, вели Жан-Марк Мансвелт, извршен директор на брендот за кожни производи на ЛВМХ, „Берлути“.
22.11.2025
Книгата затоа не нуди само технички совети туку и се обидува да го осветли поширокиот контекст на финансиските одлуки.
Ако ние не управуваме со нашите пари, тие ќе управуваат со нас
Ерцеговиќ нагласува дека нашите избори се комбинација од лични вредности, степен на самодоверба, претходни искуства, финансиска и правна писменост, но и чувството за сопствена вредност. Таа особено ја истакнува димензијата „примање“; колку веруваме дека заслужуваме, што според нејзиното мислење е поврзано и со раните семејни односи. Сепак, без оглед на сите надворешни и внатрешни фактори, завршната точка секогаш е иста - акција.
„На крајот е пресудно што ќе преземеме, а што нема да преземеме.“ Во актуелното економско опкружување обележено со инфлација, раст на трошоците за живот и пазарна несигурност, клучно прашање станува финансиската стабилност. Ерцеговиќ смета дека управувањето со парите не може да се делегира. „Ако ние не управуваме со нашите пари, тие ќе управуваат со нас.“ А финансиската независност, особено на жените, притоа е темелна претпоставка за лична сигурност. Очекувањето дека државата, партнерот или наследството долгорочно ќе го решат прашањето за финансиска стабилност го смета за илузија. Крајната одговорност, истакнува таа, секогаш останува индивидуална.
Финансиска слобода?| Depositphotos
Истовремено, односот кон парите се менува меѓу помладите генерации. Се разговара поотворено за инвестирање, се користат дигитални платформи и робосоветници, а пристапот до информации е поширок од кога било. Но промените не се еднозначни. Од една страна расте свеста, од друга и понатаму се забележуваат обрасци на избегнување на застапувањето за сопствените права, дури и кога станува збор за долгорочно значајни финансиски одлуки. Последиците од таквите одлуки, предупредува таа, често стануваат видливи дури подоцна. Општествените мрежи и дигиталните содржини дополнително ја комплицираат сликата. Советите за брзо збогатување, пасивни приходи и успех „прекуноќ“ можат да создадат нереални очекувања. „Животните закони често се како земјоделството; сееш, полеваш, чекаш и дури тогаш ги береш плодовите“.
Иако технологијата ги забрзува процесите, биолошкиот и психолошкиот ритам на човекот не ја следи секогаш таа динамика. Романтизацијата на претприемаштвото и финансискиот успех, смета таа, може да произведе чувство на неадекватност кај оние што веќе се под притисок или на работ на исцрпеност. Финансиската слобода, нагласува таа, не е резервирана исклучиво за претприемачи ниту постои единствен модел што важи за сите.
Зошто и понатаму се срамиме од парите?
Еден од клучните но ретко адресирани аспекти на односот кон парите е срамот. За време на работата на порталот „mojnovac“, Ерцеговиќ забележала колку парите и понатаму се табу-тема, дури и меѓу јавни личности. Емоции како срам и вина силно влијаат врз одлуките поврзани со потрошувачката, инвестирањето и управувањето со имот. Парадоксално, за парите често е потешко да се зборува отколку за други интимни теми, иако финансиските недоразбирања претставуваат една од водечките причини за партнерски конфликти и разводи.
Парите се и прашање на однесување, одговорност и однос кон себе, другите, семејството и општеството | Depositphotos
Границата меѓу индивидуалната и системската одговорност не е едноставна. Системот, вклучувајќи го и образовниот, сè уште недоволно структуриранo пристапува кон финансиската писменост. Сепак, фактот дека во Хрватска нивото на финансиска писменост кај жените и мажите е изедначено покажува дека одредени поместувања се постигнати. Но, како што истакнува таа, без оглед на недостатоците на системот, конечната одговорност за личните финансии останува кај поединецот.
Најчеста грешка што луѓето ја прават обидувајќи се да ги „поправат“ своите финансии е одложувањето. Чекањето момент на поголема заработка пред почеток на штедење или инвестирање често доведува до маѓепсан круг на потрошувачка. Зголемувањето на приходите без промена на навиките не ја менува суштината на проблемот.
Клучно е да се разберат сопствените вредности, реално да се согледаат имотот и обврските и да се дефинираат цели што се усогласени со личниот животен стил. Дури тогаш финансиските одлуки добиваат долгорочна одржливост.