text size
До неодамна беше доволно човек да се врати од одмор со потемнет тен и телефон полн со фотографии, а денес сè повеќе патници бараат нешто повеќе од спомени. Затоа меѓу највпечатливите туристички трендови годинава се издвои скилкејшн (skillcation) – кованица од англиските зборови skill (вештина) и vacation (одмор). Станува збор за патувања осмислени така што, покрај одмор, носат и нови знаења и искуства. Работилница за керамика, курс по едрење или креативно пишување станаа подеднакво важна причина за избор на дестинација како и самиот хотел или плажата.